Анкета: За шест од десет Грци поскапувањето ќе влијае врз изборот на партија за која би гласале
Згоолемувањето на цените, за шест од десет Грци ќе игра улога во изборот на партијата за која ќе гласаат на изборите, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Алко“ (Alco) за телевизијата „Опен“ (Open), јави дописничката на МИА од Атина.
За 33 отсто од анкетираните поскапувањата ќе одиграат „голема“, а за 27 проценти „многу голема“ улога во начинот на гласањето, додека пак во однос на пакетот владини мерки за сметките за електрична енергија, 35 отсто велат дека „малку“ ќе им помогне, а 31 процент „воопшто“ нема да им помогне.
За посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на САД и колку средбата со американскиот претседател Џо Бајден и говорот во Конгресот ќе ѝ помогнат на Грција, поделено е мислењето на граѓаните, односно 30 отсто одговориле „доста“, 29 проценти „воопшто“, 16 отсто „многу“, 14 проценти „малку“ и 11 отсто рекле дека не знаат.
Во однос на грчко – турските односи, речиси седум од десет анкетирани, односно 69 отсто сметаат дека ќе продолжат провокациите од Турција.
На политичката сцена и рејтингот на партиите, владејачката Нова демократија е за 8,5 отсто во предност пред опозициската СИРИЗА, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.
На прашањето во кого имате повеќе доверба како премиер, Кирјакос Мицотакис добива 36 отсто, Алексис Ципрас 25 проценти, а тројца од десет анкетирани, односно 32 отсто одговориле дека во никој немаат доверба.
Истражувањето на агенцијата „Алко“ за телевизијата „Опен“ било спроведено од 23 до 28 мај со учество на 1.000 лица со право на глас.
Ново на Сител
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
