Анри домаќин на доделувањето на „Златната топка“

Најдобриот стрелец во историјата на лондонски Арсенал и поранешен прославен француски репрезентативец, Тиери Анри, ќе биде домаќин на годинешното 70. издание на доделувањето на „Златната топка“, што ќе се одржи во Лондон на 26 октомври, објави денеска весникот „Л’Екип“.
Анри, кој на церемонијата ќе биде придружуван од поранешната спортска водителка Кејт Скот, ќе го наследи Руд Гулит, кој минатата година ја водеше церемонијата на доделување на највредната индивидуална награда во светскиот фудбал.
Изборот на Анри и Скот не е случаен, бидејќи ова ќе биде прв пат церемонијата да се одржи во театарот „Лондон Паладиум“ во англиската престолнина.
Двајцата добро се познаваат, бидејќи редовно ја водат емисијата „Голазо“ од Лигата на шампиони на Си-Би-Ес Спорт, во која стручни аналитичари се и Џејми Карагер и Мика Ричардс.
„Лондон е мојот дом. Имам длабока врска со овој град, со неговата фудбалска култура, со неговите страсни навивачи“, изјави Анр, кој прв пат ќе биде водител на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“, улога која Скот досега три пати ја имаше, во 2014, 2015 и во 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
