Македонија
3. јуни 2026 - 16:32

Антикорупциските закони добри само на хартија

Позлатен меч во рамка, бисер во златна школка, порцелански вазни, колекционерски монети, пешкири... Вакви подароци завршиле во евиденцијата на Антикорупциската комисија по пријавата на јавните функционери. Листата на сајтот на Комисијата е сиромашена во однос на тоа колку малку избраните и именувани функционери јавно објавуваат што примиле како подарок. Само двајца државни функционери  објавиле какви подароци примиле во име на државата.

Собранискиот спикер Африм Гаши е единствeн од државниот врв кој јавно пријавил што добил за време на посетите во странство, но и какви подароци донеле неговите гости. Витрините во Парламентот се дополнети со позлатен меч во рамка, бисер во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна и  скулптура „глава на коњ“, златни монети кои тој ги примил во име на Македонија.. За него ова е начин институцијата да биде потранспарентна и да гради доверба кај граѓаните.

И државниот ревизор Максим Ацевски ажурно ги пријавувал сите добиени подароци , а според евиденцијата на Антикорупциска на негово име пријавени се 46 подароци – од украсни парички, рамка со народна носија, украсен брод, стаклена вазна, декоративни чинии.

Законската обврска јавно да ги пријават подароците добиени за време на мандатот е пропишан со уредба уште во 2015та година, но функционерите или не добивале подароци или се неажурни во исполнувањето на обврските.

Функционерите не се расположени да го пријават подарокот, ама не ги ажурираат и податоците за стекантиот имот, затоа Антикорупциска ќе го проверува стекнатиот имот на 60 актуелни функционери. Избрани се 10 поранешни градоначалници, судии, обвинители, пратеници, а ќе се чешла и стекантиот имот на 10 министри.

Антикорупциска ги интезивира и напориоте сите лобисти кои преговараат со државните институциии да бидат регистрирани, а за секое лобирање во одредена област тоа да биде регистрирано, за да се направи дистинкција меѓу влијанието и лобирањето кај институциите.