Апасиев: Резултатите од пописот се безвредни, тие немаат никаква фактичка и правна вредност
Лидерот и пратеник на Левица Димитар Апасиев на вчерашното гостување во емисијата Јади Бурек во однос на пописните резултати рече дека тие се безвредни и немаат никаква фактичка ни правна вредност.
Апасиев посочи дека е направен упад во базата на податоци и промена на бројките од пописот, додаде дека Општина Аеродром како најгусто најселена општина со пописот има зголемување само за 3000 жители. Од 2015 до 2019 година бројот на нови станови во Аердром е 5.000 или грубо околу 20.000 нови жители во Аеродром.
‚‚Статистичка грешка за пописот да не биде проценка туку фактичка ситуација, светски стандард е +/- 2.5%, можност за грешка. Се што е над 2.5% пописот е неважечки. Кај нас грешката е 7.2% во Македонија додека заедно со дијаспората е 21.5% грешка. Тоа значи дека непопишани се околу 405.000 луѓе од дијаспората и 132.000 кај нас.‘‘
Тој рече дека дијаспората се попишувала 7 месеци наместо 40 дена. До септември се попишале 204.805 нерезиденти во странство. Во март имавме 260.606 попишани, односно околу плус 60.000 попишани во дијаспората.
„Никаде во свет не постои попис на дијаспора, а кај нас преку скајп ги попишуваа само за да се крене процентот на Албанците.‘‘
Апасиев додаде и дека минимум 250.000 православни ги збуниле со зборот христијани, па така за прв пат бројот на православните е паднат на толку ниско ниво, посочи дека постојат четири вида на пописи и кај нас се избрал комбинираниот или токму оној со кој најлесно се манипулира, никаде не се попишува само со матичен број, туку дека за попис мора да се има идентификациски документ, дека немало мешани етнички попишувачи и немало инструмент за постпописна контрола.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
