Апасиев: Со внесувањето на Бугарите во Уставот - со народни пари ќе ја финансираме големобугарската политика
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во „Аргумнет Плус“ кажа дека со внесувањето на Бугарите во Уставот - со народни пари ќе ја финансираме големобугарската политика.
„Прво, што треба да се направи!? Не е само да се стави бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот - доколку ги ставиме, првото што треба да го обезбедиме е правото на образование, тоа значи - бугарски школи како во времето на егзархијата. СДС не враќа 150 години наназад. Следно, ТВ програма на МРТ да им обезбедиме, каде тие ќе промивираат бугарска пропаганда дека ние не постоиме. Сето тоа, јас и вие, со наши пари ќе го плаќаме. Таа михајловистичка политика ние ќе ја плаќаме, а не како сега бугарските тајни служби кои ја спонзорираат. Понатаму, овој закон им гарантира и национални установи. Тоа значи бугарски народен театар и бугарски градски библиотеки - тоа ќе треба да го правиме.
Ние со наши пари ќе ги плаќаме нивните иредентистички намери и антимакедонска култура. Законот за празници ќе треба да го измениме и 3-ти март, денот на ослободувањето на Бугарија ќе го славиме кој се однесува на Санстефанскиот мировен договор во кој Македонија е составен дел од Бугарија. Тие ќе бараат задолжителни пратенички места и тоа значи бугарска иредентистичка политика со пратенички имунитет. Тие пратеници ќе ја навредуваат Македонија а ќе ги штити пратеничкиот имунитет. Ќе се вработуваат како и по квотите од овој наштиман балансер“ изјави Апасиев.
Ново на Сител
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
