Македонија
12. January 2026 - 16:36

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски

Левица е засега единствената опозициска пратеничка група која официјално го потврди присуството на лидерската средба која премиерот ја закажа за во среда.

Во ДУИ се уште немаат официјален став. Од партијата велат дека вечерва ќе одржат седница на Централното претседателство на која се очекува да се донесе одлука и за ова прашање.

Во СДСМ веќе се изјаснија против. Партискиот лидер Филипче рече дека не седнувал на иста маса со криминалци.

Премиерот Мицкоски минатата недела ги повика лидерите на парламентарните политички партии на средба на која би се разговарало за реформските закони и за укинување на техничката влада.

СДСМ е единствената партија која е отворено против укинување на техничката влада. Ништо посебно расположени не се ниту во останатите партии од опозицијата. Начелно поддржуваат нејзино укинување, но поставуваат услови кои имаат мали шанси да бидат исполнети. ДУИ бара бадентер при избор на Влада и во Уставниот суд додека Левица една изборна единица.

За да се укине пржинската влада на мнозинството ќе му треба поддршка од само 61 пратеник. Меѓу оние кои би го поддржале ова е и собранискиот претседател Африм Гаши кој утрово на брифинг со новинарите рече дека на земја од НАТО не и личи техничка влада да и ги организира изборите, додавајќи дека тој е против предвремени парламентарни избори.