Македонија
17. November 2026 - 12:17

Владата донираше три нови амбулантни возила за Здравствениот дом Струмица

Здравствениот дом Струмица доби три нови амбулантни возила за потребите на службата за итна медицинска помош. Тие се дел од владината набавка на 100 амбулантни возила за здравствените установи низ Македонија. Опремени се според најсовремените стандарди и  треба да се овозможат побрзи интервенции и поквалитетна здравствена услуга за пациентите од Струмица и околните општини.

За градоначалникот Петар Јанков, новите возила значат подобри услови за работа на медицинските екипи и поголема ефикасност во постапувањето.

Претходната недела, преку проектот ,,ХартСејф,, и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Итната медицинска помош во Струмица доби уште едно амбулантно возило. Со тоа, здравствениот дом во краток период доби вкупно четири нови возила, со што значително се зголемуваат капацитетите на службата.