Македонија
24. December 2025 - 11:21

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните

Вчера, рано сабајле е исчезнат скопјанец со деменција. Неговото семејство преку социјални мрежи прати апел за помош до граѓаните на Скопје.

„Луѓе, ќе ве замолам за помош. Татко ми е исчезнат рано утрово, нешто околу 6:30. Искочен е од дома најверојатно само по пиџами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен за тоа каде живее и за ориентирање во простор. Се вика Петар (прекар му е Пеце). Живее на Илинденска во Центар близу влада и паркот. Ве молам споделете и било каква информација би била корисна.

Ви благодарам добри луѓе. Мојот број е 075 415 020“, стои во објавата на синот на исчезнатото лице.