Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ, соопштија од М-НАВ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година - соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски.
Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк не произлегува од заштита на право од работен однос, дека е закажан спротивно на законската постапка, без задолжително посредување, и дека ССКЛ нема правен легитимитет да организира штрајк како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски.
- Со ваквата пресуда се отвора прашањето дали и претходно организираните штрајкови од страна на ССКЛ биле законски. Одговорот е јасен, судот утврди дека и тие биле спроведени надвор од законските прописи - зјави Николоски.
Тој додаде дека во согласност со статутарните акти на синдикатот ССКЛ не претставува синдикат во смисла на Законот за работните односи и не може самостојно да презема дејства.
Според него, пресудата отвора прашања и за сите други активности што ССКЛ ги презел надвор од рамките на матичниот синдикат
- Во ситуација кога дејствата се преземени без правен легитимитет, се доведува во прашање и нивната правна важност - нагласи Николоски.
Сепак, со оглед на правосилната пресуда, секоја идна акција би морала да биде усогласена со Законот за работните односи, постапката за посредување валиден синдикален легитимитет.
По судската забрана на штрајкот најавен за 20 октомври 2025 година, од М-НАВ оценија дека одлуката на Основниот граѓански суд е законски основана и донесена врз основа на утврдени неправилности во постапката за најавување штрајк.
Штрајкот требаше да се реализира со ограничување на летовите, па дури и со делумно затворање на воздушниот простор во определени термини, но Основниот граѓански суд Скопје донесе привремена мерка со која го забрани како незаконски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
