Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска ги предупреди САД да се воздржат од нови воени „авантури“, откако ги осуди неодамнешните американски напади врз Иран како кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, објави иранското Министерство за надворешни работи.
Арагчи имаше оделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Оман и Турција, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди и Хакан Фидан, со кои разговараше за најновите случувања во регионот, особено за ситуацијата во Ормуската Теснина, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи, пренесуваат британските медиуми.
Соговорниците ја нагласија потребата од користење дипломатски канали за да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот, се додава во соопштението.
Два дена наназад Иран и САД разменуваат воздушни и ракетни напади, иако минатиот месец постигнаа Меморандум за разбирање, пренесуваат британските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
