Без струја повеќе делови од Скопје

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Партизански Пат“ во Општина Кисела Вода.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Рашче, Бојане, Копаница, Хлорната станица Рашче во Општина Сарај.
Во периодот од 09:00 до 09:30 часот, без струја ќе останат корисниците од ул.„Иван Цанкар“ во Општина Карпош.
Во периодот од 09:00 до 12:30 часот, без електрична енергија ќе бидат улиците „1“ и „2“ во Нова населба Хиподром во Општина Гази Баба.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Владимир Комаров“ во Општина Аеродром.
Во периодот од 11:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Ванчо Мицков“ во Општина Карпош.
Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „1“, од општината Сопиште кон Горно Соње.
МИА
Ново на Сител
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
