Македонија
29. November 2026 - 11:50

Јанчев: Се работи со полн капацитет, снегот се отстранува и се одржува проодноста на патиштата

Се работи со полн капацитет, снегот се отстранува и се одржува проодноста на патиштата, информира денеска градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови. Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата – појасни градоначалникот.

Тој истакна дека екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите во согласност со временските услови и потребите.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја приспособат брзината на условите на патот – потенцираше Јанчев.