Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Андриј Сибиха соопшти дека Техеран не бара ескалација на тензиите со Киев, но дека мора да има обештетување за загубите предизвикани од украинскиот напад врз ирански трговски брод.
Арагчи преку пост на платформата „Икс“ потврди дека Сибиха го уверил оти нападот бил ненамерен и оти Киев немал намера да ја влошува ситуацијата.
„Ниту Иран не бара ескалација, но мора да биде јасно дека секој напад врз нашите граѓани или нашите интереси е неприфатлив. Мора да има обештетување за загубите“, објави Арагчи.
Иран во неделата ја обвини Украина за саботниот напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море, при што загина еден морнар, а уште едно лице на бродот било повредено.
Иранските државни медиуми пренесоа соопштение на Министерството за надворешни работи на Иран, според кое од нападот била предизвикана експлозија на бродот.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
