Loading Video...
Фудбал
13. December 2022 - 10:26

Аргентина – Хрватска во битка за финалето на Муднијалот и дуел на „титаните“ Меси - Модриќ

Најголемиот спортски настан годинава Светското фудбалско првенство во Катар, стигна во фаза на кулминација. 
Четирите најдобри селекции ја започнуваат битката за место во големото финале. Вечерва на програмата е првото
 
Репрезентациите на Хрватска и Аргентина вечерва од 20 часот ќе ја започнат својата битка во полуфиналето по која ќе го дознаеме и првиот национален состав кој ќе се бори за шампионскиот трофеј. 
 
Хрватите испишуваат нова историја, и по втор пат и тоа во низа ќе се обидат да стигнат до завршниот меч во кој би атакувале на својата прва титула. 
 
Аргентинците кои 2014-тата играа во финалето, дури 36 години се немаат израдувано на светската круна. 
 
Иако двете селекции имаат голем број на врвни фудбалери во своите редови, сепак светската пред се фудбалска јавност со нетрпение го очекува дуелот на капетаните, дуелот на двете 10-ки, Модриќ против Меси.
 
Многупати досега овие двајца се надмудруваме пред се во клупските дресови на Реал и Барселона, но ова ќе биде посебна вечер и за двајцата фудбалери кои во своите витрини имаат пет односно четири трофеи од Лигата на шампионите, а дури осум признание за најдобар светски фудбалер. 
 
Меси го памети дуелот со Хрватска од 2006-тата во Базел, каде на 18 години го постигна својот прв од 95-те голови за аргентинската репрезентација. 
 
„Немаме конкретен план или индивидуална идеја да го запреме Меси. Видовте, и порано кога игравме против многу добри тимови со многу добри индивидуални играчи дека игравме како тим, никогаш не сме се фокусирале на поединец. Немаме некој посебен план да запреме еден играч, бидејќи Аргентина има многу добри играчи, па нема да се фокусираме само на еден“, изјави хрватскиот репрезентативец Бруно Пертковиќ  
 
 
Токму на тој натпревар во Бозел, во дресот на „коцкастите“, дебитираше тогаш 20-годишниот Модриќ, но сигурно дека во сеќавање на Модриќ му остана последниот дуел со Аргентинците на Мундијалот во Русија пред четири години, кога беше стрелец на вториот гол за Хрватите во победата од 3-0. 
 
„Што се однесува до Модриќ, задоволство е да го гледам на теренот.  Тој е пример за многумина од нас, не само поради тоа каков одличен играч е,  туку и поради тоа како се однесува и се што дава таму.  Сакаме да уживаме во неговата игра исто како кога се соочивме со Левандовски и други големи играчи. Мислам дека оние кои го сакаат фудбалот сакаат да ги гледаат овие играчи на теренот“, истакна селекторот на Аргентина, Лионел Скалони,
 
Кој од овие двајца фудбалски виртуози на крајот ќе се радува останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 20 часот. 
 
Потсетувате дека во истиот термин утревечер својата полуфинална пресметка ќе ја имаат актуелниот светски првак Франција и најпријатното изненадување на првенството Мароко првата африканска селекција која стигнала до место во топ четирите на Мундијалот.