Арсовска го повикува Ѓорѓиевски на ТВ дуел

Поранешната скопска градоначалничка Данела Арсовска го повикува актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на ТВ дебата по информациите кои тој вчера ги објави во ТЕма на денот на сител дека главниот град должи над 300 милиони евра и дека повеќе од 500 луѓе се избркани од работа.
„Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.“ - пишува Арсовска на социјалните мрежи, барајќи Ѓорѓиевски да ги објави јавно сите долгови на градот заедно со списоците со имиња на луѓе кои биле избркани од работа.
Орце Ѓорѓиевски вчера во Тема на денот рече дека очекувал околу 200 милиони долг но кога ја преземал функцијата констатирал дека градот должи преку 300 милиони евра за кои рече дека со добро менаџирање ќе бидат соодветно исплатени.
Тој информираше дека повеќе од 500 луѓе се избркани од работа откако било констатирано дека со месеци земале плата а не оделе на работа.
Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде констатираа дека Арсовска е нервозна бидејќи доаѓа времето кога како што велат ќе треба да се соочи со правдата за хаосот кој го оставила зад себе.
Ново на Сител
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

Од Министерството за односи меѓу заедниците исчезнати 30 лаптопи, точено гориво без контрола, исплаќани плати без доказ за присуство
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
