Македонија
3. March 2026 - 15:54

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица

Пратениците на Левица денеска во Собранието излегоа со транспарент со натпис „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обраќаше пред пратениците.

Откако го покажаа транспарентот пред говорницата, по неколку секунди се повлекоа од пленарната сала.