Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
Со пораки испраќани преку мобилната апликација „ватцап“, обвинителството ќе го докажува оддавањето на службени тајни за кое одговараат поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска и Билјана Петровска Мантева која е вработена во ТЕЦ Неготино. На денешното судење, беша објавена дел од комуникација меѓу Мантева и Небојша Стојановиќ како поранешен директор на ТЕЦ Неготино.
Од пораките кои беа објавени, тој од неа барал информации за работењето на ТЕЦ Неготино, кои според обвинителството претставуваат службена тајна, па обвинетата не смеела да му ги дава. Таквите доверливи информации и документи помогнале неговата фамилијарна фирма да аплицира и да ги добива тендерите објавени од термоелектраната. Според пораките, Стојановиќ барал обвинетата да му испрати обемна документација.
„Извештаи од влезен мазут, од мерење на вага, извештаи за поризведена и испорачана електирчна енергија, баланс за успех, извештај за набавка на мазут“, гласела една од пораката испратена од Петровска Мантева.
Самиот телефонски број од кој се допишувал Стојановиќ, е регистиран на фамилијарната фирма која аплицирала на тендерите, а обвинетата Мантева, го запишала како Нешо.
Во случајот за оддвање службена тајна, одговара и поранешната претседателка на антикорупциската комисија Татјана Димитровска. И за неа обвинителството ќе презентира пораки кои ги праќала до Стојановиќ. Со нив, таа го информирала какви постапки се водат за него во антикорупциската комисија.
Димитровска на стартот од судењето рече дека не се чувствува виновна, а одбраната пак тврдеше дека информациите кои ги споделувала биле претходно презентирани на седници на антикорупциската комисија.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
