МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
До 30 септември, 17 годишната Билјана од Богданци, која заедно со нејзиното момче беше пронајдена мртва во опожарено возило немала пријавено насилство во полиција. Ова го соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, презентирајќи ја хронологијата на настаните.
Првата пријава во полициската евиденција е забележана доцна вечерта на 30 септември, кога 17 годишната девојка телефонски пријавила физички напад од момчето со кое била во врска. Тој бил приведен, а против него подоцна била поднесена кривична пријава за телесна повреда при вршење семејно насилство.
На 16 октомври, по предлог на Центарот за социјална работа, судот изрекол мерка за заштита на Билјана, а полицијата изготвила план за нејзина безбедност.
Двете млади лица беа пронајдени мртви пред два дена во Богданци. 17-годишната Билјана во опожарено возило, а нејзиното 21-годишно момче во негова близина. Првичните индиции од истрагата упатуваат на убиство и самоубиство, но околностите за смртта на девојката се уште се утврдуваат.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
