Арсовска: И јас се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец

Градоначалничка на Скопје Данела Арсовска реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во која тој се извини и кажа дека e грешка што ја подржа и застана зад нејзе на последните локални избори.
Во објава на ФБ и таа им се извини на граѓаните и посочи дека нејзината работа е блокирана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ:.
„Мицкоски несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на совет на Град Скопје и твоите советници 4 години го блокираа и урнисаа градот: не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето, не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена твојата суета.
Ни за вработување на нови пожарникари, ни за нови противпожарни возила им кажа да не гласаат!
Ако сакаше да има одговорност, требаше твоите советници да дадат оставка, за да сега ти заедно со нив не си директно одговорен за хаосот во Скопје.
Еве сега и јас им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си.
Администрација во град Скопје јас не ја донесов, работев со луѓе кои се професионални, вредни и го сакаат градот за разлика од вас, тоа се луѓе кои вие и таквите како вас ги вработиле во изминатите 30 години.“, пишува Арсовска на ФБ.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
