Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, им се обрати на навивачите по дуелот со Барнли одигран синоќа на домашен терен во 37. коло од англиската Премиер лига. „Топчиите победија со 1:0 и се на еден чекор до шампионскиот трофеј.
– Апсолутно е задоволство да се гледа трансформацијата и придонесот на секој од вас во претворањето на ова место во најубавата арена за уживање и играње на нашиот фудбал. Вие, навивачите, сте душата на овој фудбалски клуб и секој од вас игра улога во тоа. Затоа, погрижете се секој пат кога ќе влезете на овој стадион, да ја разберете вашата одговорност да ги одржувате овие стандарди, бидејќи тоа ни значи сè нам и на сите играчи. Сакам да ви се заблагодарам на сите и се надевам дека наскоро ќе се видиме на „Селхерст Парк“ и, секако, во Будимпешта, изјави Артета.
Арсенал (82 бода од 37 натпревари) е на чело на табелата во Премиер лигата пред последното коло од сезоната 2025/26. Манчестер Сити (77 бода од 36 натпревари) е втор.
До крајот на сезоната Арсенал ќе се соочи со Кристал Палас во Премиер лигата и со ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите.
МИА
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
