Артета: Понекогаш лош резултат може дури и да биде корисен

Тренерот на Арсенал, Микел Артета даде свое видување за поразот од Бетис во пријателски натпревар.
Англискиот шампион синоќа во Даблин загуби со 3:1.
– Најважно е да се победи, а ние не успеавме да го сториме тоа, па секако сме разочарани од резултатот. Во првото полувреме, кога имавме повеќе од нашата почетна постава на теренот, имаше два сосема различни аспекти на нашата игра – како се справувавме со топката и како се натпреварувавме.
Имавме неколку навистина одлични периоди од играта, но нашите одбранбени перформанси, особено во и околу нашиот шеснаесетник, не беа на стандардите на кои сме навикнати. Очигледно, има области што треба да ги подобриме. Во исто време, имаше и некои позитивни работи. Понекогаш лош резултат може дури и да биде корисен – може уште повеќе да го разгори огнот во нас, изјави Артета по натпреварот.
Артета им даде можност да настапат на дури 25 фудбалери.
МИА
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
