Артета: Премиер лигата почнува одново, Сити има натпревар помалку, Арсенал е три бода понапред

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги искажа впечатоците за вчерашниот пораз од Манчестер сити во 33. коло од англиската Премиер лига.
Натпреварот се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер и заврши 2:1 во корист на „Граѓаните“.
- Сакавме да постигнеме добар резултат, направивме многу правилни работи за да ја доведеме играта таму каде што сакавме. Имавме големи шанси, но не ги реализиравме и тоа е реалноста, изјави Артета за „Би-би-си“.
Тренерот одговори и на прашањето дали сè уште има верба во себе и во тимот по поразот.
- Им верувам на моите фудбалери 100 %. Ни недостасуваат неколку клучни играчи. Ни требаат што е можно поскоро назад бидејќи треба да станеме посилни и подобри. Премиер лигата практично почнува одново. Тие имаат натпревар помалку, ние сме три бода понапред, додаде Артета.
Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 70 бода. Манчестер сити е втор со 67 бода и еден натпревар помалку.
Во следното коло „топџиите“ ќе бидат домаќини на Њукасл на 25 април, а „граѓаните“ ќе играат на гостински терен против Барнли на 22 април.
МИА
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
