Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
Орион слета во Тихиот океан. Капсулата ги врати четворицата астронаути кои беа на најдалечното вселенско патување во историјата.
Успеавме! Пративме четворица неверојатни луѓе до Месечината и ги вративме безбедно на Земјата за првпат по повеќе од 50 години.
Спектакулеран ден за НАСА, спектакуларен ден за човештвото. Вака ја опишаа мисијата нејзините раководители, кои најавуваат дека ова е само почеток.
-Колку спектакуларен ден беше ова за НАСА и сите наши меѓународни партнери. Овој екипаж докажа дека отиде за целото човештво и денеска ја исполнивме таа цел завршуваќи го своето патување и враќајќи се безбедно на Земјата.
-Мислам дека оваа мисија е историска и ги демонстрираше нашите нови способности. Нашето летало Орион го однесе екипажот најдалеку од кој било друг екипажот до Месечината и назад, безбедно. 252.756 миљи и тоа е фантастично. Имаме уште многу да постигнеме,
Мисијата ѝ даде на НАСА нешто што не може да се направи со ниту една симулација или анимација. За првпат во историјата човечки екипаж прелета околу Месечината. Артемис 2 ги тестираше системите за одржување во живот, рачното управување со капсулата Oрион, процедурите за итни случаи, скафандрите за преживување и начинот на кој луѓето функционираат во длабока вселена.
Екипажот истовремено поддржа и научни истражувања, меѓу нив AVATAR, за тоа како човечкото ткиво реагира на микрогравитација и зрачење во длабока вселена.
Во текот на лунарниот прелет снимија повеќе од 7.000 фотографии, меѓу нив и затемнување на Сонцето, што се важни за идните мисии.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
