Астрономот Николај Железнов: Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават

Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават такви небесни тела, изјави Николај Железнов, виш истражувач од Институтот за применета астрономија при Руската академија на науките. Тој појасни дека астероидите имаат ограничен „животен век“ од околу 10 милиони години, во текот на кој можат да паднат на Земјата, да завршат во Сонцето или да бидат исфрлени во надворешните делови на Сончевиот систем. Оваа динамика, како што наведе, ја прави нивната траекторија долгорочно непредвидлива, поради што постојаното набљудување на вселената е неопходно, пренесоа руските медиуми
Железнов нагласи дека во овој момент не може прецизно да се предвиди кога би можел да се појави потенцијално опасен објект, но додаде дека судир меѓу Земјата и астероид е неизбежен во иднина, без разлика дали тоа ќе се случи за десет или за десет илјади години. Според него, постојат технологии и методи кои би можеле да се применат за спречување на можни катастрофи, а пред сè се мисли на пренасочување на астероид од неговата патека кон судир со Земјата.
Како пример за вакви можности, тој го наведе експериментот од 2022 година, кога вселенско летало намерно удри во астероидот Диморфос, при што се промени неговата орбита, при што е демонстрирана практичната примена на техниките за планетарна одбрана. На крај, Железнов додаде дека е од голема важност реално да се проценуваат ризиците и постојано да се следат објектите што се наоѓаат во близина на Земјата, со цел навремено откривање и евентуално спречување од опасности.
МИА
Ново на Сител
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
-

СП 2026: Меси ѝ донесе на Аргентина убедлива победа над Алжир
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
-

Сенатот на САД по деветти пат ја блокираше Резолуцијата за прекин на војната со Иран
-

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина
-

Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја
-

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
