Фудбал
14. February 2022 - 11:23
Аталанта пропушти голема шанса да го победи Јувентус
Трката за место кое носи пласман во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Аталанта продолжува и по меѓусебниот дуле од 25.коло во кој немаше победник.
Средбата одиграна во Бергамо заврши со резултат 1-1, но домажините може да жалат што не ги освоија трите бода.
Аталанта беше на праг на триумф откако Укаринецот, Малиновски од слободен удар на ефектен начин постигна гол за водство од 1-0.
Јувентус се спаси од пораз во втората минута од судиското дополнение кога по корнерот од десната страна што го изведа Дибала на вистинското место се најде Данило и го израмни резултатот.
Така Јувентус веќе единаесети натпревари во низа нема пораз во Серија А.
Двете екипи останаа на истите позиции на табелата. Јувентус е четврти со 46 бода, два повеќе од Аталанта која е петта, но има одиграно еден натпревар помалку.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->