Авионот на Трамп слета во Екориџ
Авионот со американскиот претседател Доналд Трамп слета во воена база во Алјаска на долгоочекуваниот самит со рускиот колега Владимир Путин, на кој се очекува да изврши притисок за прекин на војната на Москва во Украина.
Американскиот лидер требаше да одржи разговори со шефот на Кремљ.
Русија изврши инвазија на дел од Украина во февруари 2022 година, предизвикувајќи конфликт во кој загинаа десетици илјади луѓе.
Белата куќа објави дека разговорите нема да бидат „еден на еден“, како што беше најавено вчера, туку „три на три“, а од американска страна ќе присуствуваат и државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.
Руски владин авион претходно слета во американската држава Алјаска пред средбата закажана за вечерва во 21:30 часот.
Се уште не е јасно дали Путин е во авионот што полетал од градот Магадан, на рускиот Далечен Исток, каде што рускиот претседател беше во посета порано денеска.
МИА
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи