Loading Video...
Фудбал
8. јуни 2022 - 11:48
Австралија закажа бараж со Перу за место на Мундијалот
Репрезентацијата на Австралија забележа победа со 2-1 во дуелот со Обединети Арапски Емирати и закажа дуел со Перу кој ќе биде последна пречка за пласман на Мундијалот во Катар.
Популарните „кенгури“ поведоа со голот на Ирвин во 53-минута, а само четири минути подоцна Канедо го израмни резултатот.
Во самиот финиш на мечот односно 84-минута Ајдин Хрустиќ го постигна вториот гол за Австралијците за конечни 2-1.
Така Австралија за место на Мундијалот ќе игра против Перу на 13 јуни, додека ден подоцна на 14 јуни, ќе го дознаеме и последниот патник, откако Коста Рика и Нов Зеланд ќе го одиграат својот бараж дуел.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->