Австрија ги зајакнува мерките за заштита од дронови

Како одговор на повторените нарушувања на воздушниот простор од страна на беспилотни летала во Европа, претставници на австриската влада презентираа „Национална стратегија за цивилна и воена заштита“. Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер, федералниот канцелар Кристијан Шокер и министерката за одбрана Клаудија Танер истакнаа дека геополитичката ситуација довела до значителни промени во нивото на закана за Австрија.
Повлекувајќи паралела со војната во Украина, канцеларот Шокер рече дека војната се вратила во Европа.
„Ова значи дека мора да се подготвиме за овие закани. Една од нив е опасноста што ја претставуваат беспилотните летала“, рече тој.
„Колку подобро се подготвиме, толку побезбедни ќе бидеме. Не постои единствено средство за контраакција“, рече министерката за одбрана Танер. Според неа, средствата за заштита можат да варираат во зависност од специфичната закана – од борбени авиони „Еурофајтер“ до мрежни системи и електронски системи за борба против беспилотни летала.
Во стратегијата се наведува: „За да се оптимизираат капацитетите за воздушна одбрана, потребно е сеопфатно подобрување на системот за надзор на воздушниот простор, што досега првенствено беше наменет за спротивставување на летала со екипаж во случај на прекршување на воздушниот простор.
Во Министерството за внатрешни работи ќе се формира „Центар за надзор и координација на инциденти со беспилотни летала“, а од 2027 година ќе се воведат два нови системи за спротивставување на беспилотни летала. Операторите на критичната инфраструктура ќе добијат можност сами да соборуваат беспилотни летала под одредени околности.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
