Македонија
20. October 2022 - 16:50

Автобусите на ЈСП се враќаат во сообраќај по ветувањето дека утре наутро возачите ќе имаат плата

Заврши штрајкот на вработените во ЈСП, автобусите од попладнево повторно сообраќаат. Автобуси има, но граѓаните повторно не можат никаде да стигнат, поради блокадата со автобуси пред Влада. Градоначалничката Арсовска и директорот на ЈСП направија хаос во сообраќајот откако повторно ги паркираа автобусите пред Владата. Најавија целодневна блокада и во наредните денови се додека Владата не им ги исплати парите за бесплатен превоз на ученици и студенти.

На вонредна седница денеска беше усвоена иницијатива за пренамена на средства од градскиот буџет со кои ќе се исплатат субвенции на ЈСП. Советниците повторно си упатија меѓусебни обвинувања за тоа кој го довел во колапс претпријатието.

Од синдикатот изразија задоволство што не потпаднале на притисоците и успеале да се изборат да им биде исплатено она што го сработеле.

Арсовска тврди дека  штрајкот бил  јавен линч на неа и најави дека ќе бара одговорност од Управниот одбор на претпријатието.

Демант испратија членовите на управниот одбор за обвинувањата и велат дека тие немаат надлежност во исплатата на плати за вработените .

Нека каже Градоначалничката зошто град Скопје му должи (заклучно со 30.09.2022 год.) на ЈСП Скопје 24 276 526 денари изјави Арсовска

Побараа оставка од градоначалничката и директорот на ЈСП поради неодговорното менаџирање со претпријатието.