Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците.
- По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10 до 13 април, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите што работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот. Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација - соопштија денеска од ЈСП - Скопје.
Од ЈСП-Скопје информираа дека Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник, вообичаено како и секој понеделник - нема да работи.
- Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови - додадоа од ЈСП - Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Ројевиќ: Триумфот над Еурофарм Пелистер ни ја крева самодовербата пред пресметките со Целје
-

ДЗР: Потребни реформи за одржлив пензискиот систем и соодветна грижа за старите лица
-

Дрога пронајдена при претрес во светиниколско Ерџелија, приведен 25-годишен жител на селото
-

Вицегувернерите на Народна банка Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Доживотните казни за убиствата на Вања и Панче на расправа пред Апелација
-

Ѓорѓиевски: По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзалната сала, конечно почнува да се гради
-

Северна Кореја соопшти дека во последните ракетни проби тестирала боеви глави со касетна муниција
-

Иран ги предупредува бродовите дека им е потребно одобрение за поминување низ Ормуската Теснина
