Loading Video...
Фудбал
14. November 2022 - 20:00
Бабунски: Секогаш играме на позитивен резултат
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра две контролни средби со Финска и Азербејџан за што подобро издание во квалификациите за ЕП 2024г. Нашите репрезентативци под водството на селекторот Благоја Милевски вечерва тренираа на центарот „Петар Милошевски“ . Дека секој натпревар па и пријателски е важен за фудбалерите потврди изјавата на Давид Бабунски.:
Мислам дека овие пријателски средби се добра шанса да ја развиеме нашата идеја, да подобриме некои работи од претходните натпревари.
Посакуваме победи на овие две средби бидејќи сите селекции веќе играат добар фудбал и се развиваат и мислам дека добриот резултат кој го посакуваме ќе ни биде мотив повеќе за понатаму.- изјави пред денешниот тренинг Давид Бабунски .
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->