Баерн и Фламенго први осминафиналисти на Светското клупско првенство
Германски Баерн и бразилски Фламенго се првите осминафиналисти на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД.
Германскиот шампион обезбеди пласман во осминафиналето откако ја победи Бока Јуниорс со 2-1 во второто коло од Групата Ц во Мајами пред 64.000 гледачи.
Баварците го победија Оукленд Сити со 10-0 во првото коло, во второто триумфираа над Бока Јуниорс во второто, а во последното коло ќе се соочат со Бенфика.
Баерн е лидер на табелата со шест бодови, Бенфика има четири, Бока еден, а Оукленд е на дното со два порази. Во третото коло, Бенфика ќе игра против Баерн Минхен, а Оукленд против Бока Јуниорс.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Фламенго со победата над лондонски Челзи со 3-1 во Филаделфија во натпревар од Групата Ц.
Тимот од Рио, кој во воведното коло го совлада туниски Есперанса со 2-0, сега има шест бодови пред средбата со Лос Анџелес в среда, додека Челзи ќе игра против тунискиот првак.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен