ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
ЈП „Исар“ од Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија „Трештена скала“. На овој начин ќе се спречи неовластеното влегување на поединци кои го палат отпадот за полесно да го соберат старото железо, но при тоа прават огромна штета, пред се, во делот на аерозгадувањето на градот.
- Нашите вработени секојдневно се соочуваат со закани по својот живот од луѓе кои неовластено влегуваат заради, како што претпоставувам своја финансиска корист и прават штета на истата Најчесто тие ја палат и последици трпат сите граѓани, изјави Александар Арсовски, директор на ЈП „Исар“-Штип.
Палењето на депонијата е децениски проблем за штипјани. Во текот на годината во просек има по 20 подметнати пожари, кои поради несоодветната механизација не можело целосно да бидат изгаснати. Дополнителен проблем е одлагањето на отпад пред депонијата од страна на несовесни граѓани.
- ЈП Исар, набави специјално возило булдожер-гасеничар којшто во целост ќе стои на располагање за тековно одржување на градската депонија, додаде Арсовски
На „Трештена скала“ месечно се депонираат 12.000 метри кубни отпад или 150.000 метри кубни годишно.
-
Траjан Ристовски
Сите содржини од овој новинар