22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
На точно 6 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, со фотографиите во раце од своите прерано загубени чеда, родителите, роднините, пријателите и граѓаните на Кочани, денеска го одржаа 22-риот по ред „Марш на ангелите“. На протестниот собир мајката на трагично загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, порача дека овој грозоморен настан можеше и мораше да се спречи и дека не е само последица на искра или невнимание, туку на системска слабост и неодговорност.
- Каде беа институциите, каде беа инспекциите што мораа да го затворат клубот уште пред да се отвори? Каде беа службениците кои требаше да го проверуваат секој чекор? Тие молчеа. Тие не постаппија. Институциите не се независни тела. Тие се дел од државата. Под нив стојат општините, министерствата, владата. Ако тие не ја завршиле работата, тогаш државата има одговорност, изјави Васка Лазарова, мајка на Андреј Лазаров.
Ако инспеторите молчеле, службено лице потпишувало на спепо, министер не преземал мерки, тогаш не може да има само индивидуална одговорност.
- Деко и неговиот син се симбол на најголемата корупција и нечовечност. Во нивната дискотека „Пулс“ без никаква лиценца, без никакво одобрение изгореа живи 62 деца. Тоа не беше несреќа, тоа беше убиство.Нивните раце се извалкани со крвта на нашите деца, но државата преку своите институции им овозможи да молчат наместо да одгвораат, изјави Силвана Стојанова, мајка на Андреј Стојанов
- Бараме крај на корупцијата и крај на затворањето очи пре загубите на човечки животи. Да не дозволиме оваа трагедија да се повтори никогаш повеќе, додаде Лазарова
Вечерва на штипскиот плоштад „Слобода“ под мотото „62 ангели – вечна светлина во нашите срца“ќе се палат свеќи како симбол на светлината и сеќавањето што никогаш нема да избледее.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар