Loading Video...
Фудбал
31. July 2022 - 14:34
Баерн Минхен го освои Суперкупот
Минхенски Баерн со трофеј ја почнува новата сезона во Германија. Баерн го победи Лајпциг, и тоа на гостински терен, со 5-3 во Суперкуп натпреварот кој е најава за новата сезона.
Актуелниот шампион победата ја најави уште во првиот дел во кој веќе имаше три гола предност со погодоците на Мусала, Мане и Павард.
Иако домаќините со голот на Олмо во 89-минута намалија на 3-4, сепак во осмата минута од судиското дополнение Сане го постигна петтиот гол за Баварците и стави крај на мечот.
За Баерн ова е трет трофеј во низа во Суперкупот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->