Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре.
„Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела“, рече тој, пренесен од британските медиуми.
Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за датумот на потпишување „поради двоумењето на другата страна“.
Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, претходно денеска изјави дека мировниот договор меѓу Иран и САД „се очекува да биде финализиран во следните 24 часа“.
„Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Со очекуваното завршување во следните 24 часа, Пакистан се подготвува електронски да го потпише мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела“, рече тој на платформата Икс.
Шариф им се заблагодари на САД и Иран за, како што изјави, „континуираната посветеност за време на преговорите“, како и на партнерите во регионот за поддршката на процесот.
МИА
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
