Багеи: Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната.
Багеи тврди дека разговорите што се водат меѓу Иран и Оман за Ормуската Теснина не се во никаква врска со отворањето или затворањето на тој пловен пат, пренесе иранската новинска агенција Фарс.
Тој рече дека затворањето на Ормуската Теснина било последица, како што наведе, на „американската саботажа и поморската блокада на Иран“.
- Исламската Република Иран делува во согласност со интересите на земјата и нема да ја промени својата одлука под влијание на закани и застрашувања од страна на други – нагласи Багеи.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изјави дека преговорите меѓу Иран и Оман во врска со управувањето со Ормуската Теснина се во завршна фаза, пренесе Ирна.
МИА
Ново на Сител
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
