Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за улогата во постигнувањето на прекин на огнот во Газа

Поранешните демократски претседатели Џо Бајден и Бил Клинтон синоќа го пофалија актуелниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот придонес во постигнувањето на прекин на огнот во војната во Газа, што е редок пример на двопартиско одобрување за републиканскиот лидер.
„Го пофалувам претседателот Трамп и неговиот тим за нивната работа да го донесат обновениот договор за прекин на огнот до крај“, напиша Бајден, кој беше претседател до јануари, на социјалната мрежа Икс. Со поддршка од САД и глобалните партнери, Блискиот Исток сега е „на патот кон мирот“, рече тој.
Бајден, исто така, ја истакна улогата на неговата сопствена администрација во преговорите, велејќи дека таа „работела немилосрдно за да ги врати заложниците дома, да обезбеди помош за палестинските цивили и да ѝ стави крај на војната“, која започна во октомври 2023 година за време на неговиот мандат.
Клинтон, во сличен тон, на Икс напиша дека „претседателот Трамп и неговата администрација, Катар и другите регионални актери заслужуваат голема пофалба за тоа што ги држеа сите ангажирани додека не се постигне договорот“.
Клинтон ги повика Израел и палестинската милитантна организација Хамас, со поддршка од САД, да го „претворат овој кревок момент во траен мир“, додавајќи дека верува оти тоа е можно „ако го направат тоа заедно“.
Клинтон, кој беше претседател од 1993 до 2001 година, е гласен критичар на Трамп, обвинувајќи го дека води политики водени од личен интерес, а не од благосостојбата на американскиот народ.
По минатонеделното објавување дека е постигнат мировен договор за Газа, поранешниот претседател Барак Обама во објава на Икс рече дека „сите треба да бидеме охрабрени и растоварени што крајот на конфликтот е на повидок“, без да го спомне Трамп.
Портпаролот на Белата куќа, Стивен Чунг, ја реобјави објавата на Обама со коментар: „Кажете го неговото име… ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
