Македонија
22. December 2025 - 14:24

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија

Прво суштински кога ќе се погледне процесот на европска интегарција, веќе има процеси кои се случуваат во државата и не можат да ги заменат пристапните преговори, но вршат функција насочена на побрза подготовка на државата за полноправно членство во ЕУ. Најдобар пример за тоа е Реформската агенда. Тоа е и нејзината цел, побрзо да не усогласи со највисоките стандарди на ЕУ во многу различни области. За нас прашањето е како да го откочиме патот за да дојдеме до членство. И овој механизам на технички преговори не те доближува до крајната цел бидејќи вие сепак во некој момент ќе морате да го откочите и целокупниот процес на преговори, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање. 

По заедничката прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија Елиса Спиропали, Муцунски нагласи дека нашата држава е фокусирана на внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија.

-Ние како држава сме фокусирани на две клучни прашања. Прво е внатрешните реформи, како пример е вчерашниот состанок што го имавме во Владата, каде се гледа засилена динамика која и Брисел ја препознава во делот на Реформската агенда. Второ е изнаоѓање на достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија. Тоа е решението кое ние сакаме да го постигнеме. Ниту мислиме дека ќе биде лесно, ниту мислиме дека дека преку ноќ ќе се случи. И по прашањето на внатрешните реформи и по прашањето на изнаоѓање решение со Бугарија, се работи за прашање на волја дали сакаме да направиме промени внатре во државата. Евидентно е дека оваа Влада  епосветена и работи на тоа и дали сакаме сите заеднички да најдеме решение на препрека која и се поставува на држава во низа. Генерации во нашата држава паметат многу добро непринципиелни блокади од страна на ЕУ, рече Муцински.

Заедничка цел, како што рече, треба да ни биде да најдеме решение. Според него, охрабрувачки е тоа што во целиот сплет на реалции и комплексни односи е што македонските граѓани остануваат „проевропски ориентирани“, со огромен процент. 

-Тоа што мене ме загрижува, некои велат расте евроскептицизмот. Јас не мислам дека тоа е точно, барем како што ги читам анкетите. Но, јас застапувам една теза дека имаме опасност од пораст на европесимизам. Тоа се група на граѓани кои веруваат дека европската иднина е вистинската иднина за државата, но не се убедени дека Европа ќе ги отвори вратите за нас. Тука треба заеднички да работиме за да ја побиеме таа теза, која, за жал во моментов, е премногу кредибилна, вели Муцунски. 

Товарот, како што нагласи, е на ЕУ, на земјите членки, на Владата и на сите засегнати страни во едно општество, како академската заедница, медиумите... 

МИА