Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
Балканскиот Ерусалим исполнет со верници за големиот празник Божиќ.По завршувањето на литургијата, оние кои постеа ја примија светата причест, си го честитаа празникот,со радосниот поздрав: Христос се роди! Вистина се роди!палеа свеќи и се помолија за здравје, мир и среќа.
Охрид како центар на православието привлекува туристи од сите краеви ширум светот во верските храмови.
Иако Божик е семеен празник,ден на кој традиционално семејствата се собираат на празничен ручек сепак во градот можеби не во голем број но има гости и тоа претежно од нашето соседство.Туристичките работници велат дека Охрид за празниците во однос на цените останува конкурентен.
Божик според православниот обичај се слави три дена. Инаку туристичките работници поголем број на гости очекуваат за Стара Нова година и големиот верски празник Водици.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
