Регионалниот центар во Новаци се очекува да функционира во 2030 година
Завршена е постапката за избор на проектант за затворање на нестандардната депонија во Буково. Воедно, течат активностите и за претоварната станица во Мауцкер, како и за собирниот центар во Охрид. Очекувањата се претоварните станици и регионалниот центар за управување со отпад во Новаци да се функционални во 2030-тата година.
Емил Ангелов, раководител на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, појасни дека е иразботен шестгодишен плански документ кој треба да обезбеди институционална, оперативна и финансиска рамка за Пелагониско-југозападниот регион.
Инаку, Регионалниот систем за управување со отпад за Југозападниот плански регион функционира заеднички со Пелагонискиот ги опфаќа сите 18 општини од двата региона. Целта е отпадот да се третира преку еден интегриран систем наместо секоја општина да делува самостојно.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
