Фудбал
24. October 2022 - 12:06

Барса го демолира Атлетик со 4-0

Со дуелот одигран на „Камп Ноу“ каде Барселона убедливо со 4-0 го победи Атлетик Билбао, беше заокружена 11-тата рунда од шпанската Примера 
 
Стрелци на головите за Барса беа Дембеле, Роберто, Левандовски и Феран Торес. 
 
Барселона останува на три бода помалку во однос на лидерот Реал. 
 
Она што претстои за Каталонците е битката во Лигата на шампионите во која Барса ќе мора да забележи две победи доколку сака да остане во игра за осминафиналето, притоа да се надева на кикс на Интер. 
 
Но. Задачата ќе биде дополнително потешка имајќи во предвид дека Барселона во среда ќе гостува во Минхен кај досега перфектниот Баерн.