Фудбал
14. February 2022 - 11:33
Барса во 96-минута се спаси од пораз од Еспањол
Екипата на Барселона се спаси од пораз од Еспоањол и тоа во шестата минута од судиското дополнение.
Градското дерби од 24.коло на Ла Лига започна одлично за фаворизираната Барселона која уште во 2.минута со голот на Педри поведе со 1-0.
Сепак домаќините во продолжението успеаја да направат и комплетен пресврто, па со головите на Дардер во 40-тата и Де Томас во 64.минута, Еспањол поведе со 2-1.
Кога сите очекуваат крај на мечот, а во шестата минута од судиското дополнение, по центаршутот на Траоре, на вистинското место се најде
Лук де Јонг кој ги постави конечните 2-2, па Барселона и на осмиот натпревар во низа во Ла Лига остана непоразена.
Со освоениот бод, Барселона се проби на 4.место на табелата со идентични 39 бодови колку што има и пето пласираниот Атлетико Мадрид.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->