Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза

Преговорите на ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ како партија која освои најмногу мандати на парламентарните избори се во финална фаза, вели Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ за наша Македонија.
Бендевска, која е дел од преговарачкиот тим на ЗНАМ за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека за ресорите што би ги добиле се разговара врз основа на платформа, стратегиски определби и политички начела.
- На тој начин многу сериозно пристапивме во овие преговори. Преговорите официјално ги започнавме во саботата, ја известивме јавноста бидејќи ветивме дека ќе известуваме транспарентно за преговарачкиот процес, но во краток период условно да кажам веќе можеме да кажеме дека во очи на утрешната собраниска конститутивна седница преговорите меѓу Движењето ЗНАМ за наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза, рече Бендевска.
Во коментар на објавите во медиумите дека ЗНАМ ќе ги добие ресорите администрација и правда, Бендевска наведе дека не разговарале конкретно за ресори, туку, како што рече, за придонес од платформските и политичките начела на кои се базира Движењето ЗНАМ и можноста тие да влезат и да станат дел од идната владина програма.
Утрешниот ден, посочи, претпоставувам дека ќе биде посветен на конститутивната седница и првиот слободен момент ќе бидат познати и кадровските решенија и ресорите што ги добива Движењето ЗНАМ во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а најпростојно е да ги соопшти мандатарот што ќе го добие мандатот од претседателката.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

По повеќе од една година во бегство, Перпарим Бајрами сам се предаде на полицијата
-

Во Собранието конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“
-

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
