Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
Започна 34 то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков. За време на шесте фестивалски денови ќе бидат одиграни вкупно 10 претстави со околу 40 актерски остварувања. Селекторот на фестивалот Љупчо Ѓоргиевски, вели дека годинава има исклучително квалитетна програма, а посебно радува фактот што се повеќе има добри камерни претстави како од националните тетарски куќи така и од независните продукции.
За претседателката на жирито и минатогодишна победничка, Билјана Драгичевиќ Пројковска, „Ристо Шишков“ е фестивал на најдобрите. За неа силната конкуренција и одличните актерски креации годинава дополнително ќе ја отежнат работата на жири комисијата.
За време на свеченото отварање на фестивалот беше промовирана и златна монета со ликот на Ристо Шишков која во иднина ќе ја добиваат сите театри учесници на фестивалот. Првите три примероци им беа подарени на семејството Шишкови, градоначалникот и претседателот на советот на општина Струмица.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
