Бизнис
13. October 2026 - 13:18

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот

Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Единствено се зголемува цената на мазутот.

Тоа значи дека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 98,50 ден/лит, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по цена од 100,50 ден/литар. И дизелот останува уште една недела по цена од 97 денари за литар. 

Непроменета е и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 108,50 ден/лит.

Мазутот од полноќ се зголемува за 2,145 ден/кг и неговата ноца цена ќе биде 51,742 ден/кг.

МИА