Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Од 00:01 часот на 15 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 3,50 денари и ќе се продава по цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98, исто така, поскапува за 3,50 денари и ќе чини 102,50 денари за литар.
За разлика од бензините, дизелот поевтинува за два денари. Новата максимална цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 99 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе чини 109,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по цена од 48,243 денари за килограм.
Според РКЕ, со новата одлука малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука.
Кај дизелот е применета повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно одлуката на Владата од 13 септември, а продолжува и примената на намалената акциза кај бензините и дизелот.
Ново на Сител
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
