Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 91,00 денар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 93,00 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува 0,50 денари и еден литар ќе чини 110,00 денари.
Мазутот М-1 НС, пак, поскапува за 0,694 денари и еден килограм ќе се продава за 54,273 денари.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
