Бизнис
4. August 2026 - 13:06

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ

Од полноќ за два денари поевтинуваат бензините, а дизелот се зголемува за еден денар. Нова, поскапа цена за половина денар ќе има и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 98,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,680 ден/кг.

Од РКЕ посочуваат дека во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2 ден/лит кај бензините и намалниот износ на акцизата од 4 ден/лит кај дизелот.