Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски синоќа по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен.
Тој во изјава за МИА вели дека три дена во планината се пожарникарите и вработени во ЈП „Национални шуми“, кои веќе се истоштени од битката со огнените јазици.
Посочува дека синоќа се организираат доброволци од Општина Берово, како и општествено одговорни компании денеска наутро да заминат на планината Готен, со цел да не се дозволи ширење на пожарот кон селата Владимирово, Мачево и Русиново.
Во апелот на Општина Берово, кој е објавен синоќа се вели поради сериозноста на пожарот кој го зафати подрачјето на општината, согласно заклучоците од вечерешниот состанок на Кризниот штаб, се упатува апел до сите граѓани на Општина Берово, кои се во можност, доброволно да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот.
- Ве повикуваме утре, 26.07.2025 година (сабота), во 5.00 часот, масовно да се собереме пред зградата на Шумското стопанство Берово и да се вклучиме во акцијата за спречување на пожарот. Со себе задолжително понесете: мотика или гребло, вода за пиење, храна за себе, за текот на денот. Вашата солидарност, ангажираност и храброст, во овие тешки моменти, се од непроценливо значење, за заштита на шумите, животната средина и безбедноста на сите нас, се вели во соопштението од Кризниот штаб на Општина Берово.
Инаку пожарот на планината Готен е активен веќе девети ден и се простира на територија на општините Василево, Радовиш и Берово. Во гаснењето вклучени се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, месното население, специјализирани возила, како и ер тракторите и хеликоптери.
МИА
Ново на Сител
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
-
Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце